ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Во посета кај Претседателката на Р.Македонија

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.
Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови.
Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата.
Највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот каде опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце одговарав на низа прашања врзани за детството и училишните денови, професорската работа и претседателските обврски.
Потсетувајќи се на првите учители кои ми ја всадија љубовта кон книгите, на учениците им порачав: да го негуваат другарството, да се почитуваат, да поставуваат прашања и да не се плашат да размислуваат поинаку, оти токму љубопитноста е почеток на секое учење, а знаењето останува најсигурниот сопатник низ животот.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
јуни 2026
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930 

Следете не