ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Со срце учам, со знаење успевам

Во свечена атмосфера во Општина Бутел се одржа настанот за избор на истакнати ученици, под мотото „Со срце учам, со знаење успевам“.
На настанот градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, им додели парични награди на најуспешните ученици, како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати успеси во текот на учебната година.
Од ООУ „Ацо Шопов“ за истакнати ученици беа избрани:
Софија Петрушевска од V-б одделение – истакнат ученик за V одделение;
Галина Цингарска од VI-а одделение – истакнат ученик за VI одделение;
Слободан Проковиќ од VII-а одделение – истакнат ученик за VII одделение;
Весела Давидовска од VIII-б одделение – истакнат ученик за VIII одделение.
Им честитаме на нашите ученици за заслуженото признание и им посакуваме уште многу успеси, нови знаења и достигнувања во иднина. Нека нивниот пример биде поттик и инспирација за сите ученици во нашето училиште.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2026
ПВСЧПСН
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031 

Следете не