ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Училишта на 21 – от век

На 20.01.2020 година во просториите на ООУ „ Ацо Шопов “ – Скопје се оддржа дисеминација од претходно реализираната обука „ Училишта на 21 – от век “. На дисеминацијата присуствуваа наставниците од предметна настава.

Дисеминацијата ја започна наставничката Валентина Зотевска воведувајќи ги наставниците во целите и основните вештини кои треба да се постигнат. Потоа наставничката Весна Стојановска ја посочи потребата од поставување отворени прашања во текот на наставата. Потребата од земањето в предвид на различни перспективи го објасни наставничката Весна Додевска, при тоа корисетејќи го примерот со шесте шапки за размислување. Наставничката Весна Јакимовска посочи дека поставувањето прашања претставува важна техника со која наставата и учењето стануваат интерактивен процен, при што ја објасни корисноста на алатката „ Матрица на прашања “. Наставничката Дара Драгановска објасни дека собирањето и оценувањето докази е важна карактеристика на критичкото размислување, при што ја потенцираше разликата меѓу доказ и мислење. Наставничката Лилјана Трајкова дискутираше за тоа што претставуваат нерутинските проблеми и зошто е важно нивното решавање. Наставничката Виолета Тевдовска ја објасни примената на техниката терзија. Во завршниот дел наставничката Билјана Антовска го презентираше уредот micro:bit, по што слушателите се обидоа да изработат задача користејќи го истиот.

Целта на дисеминацијата беше наставниците да се запознаат со целите и основните вештини за подобрување на наставата и постигнување на епитетот „ Училиште на 21 – от век “, и истата беше постигната.

Реализатори:

Валентина Зотевска

Весна Стојановска

Весна Додевска

Весна Јакимовска

Дара Драгановска

Лилјана Трајкова

Виолета Тевдовска

Билјана Симоноска Антовска

 

         

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
декември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

Следете не