ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Свечена приредба по повод првиот училишен ден

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

По повод првиот училишен ден и оваа година во нашето училиште се организираше свечена приредба каде што им посакавме добредојде на новите првачиња, а на останатите ученици им посакавме среќа и успех во новата учебна година. Во учебната 2018/2019 година во нашето училиште се запишаа нови 102 првачиња.

 

Фотографијата е превземена од: https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/09/84588/

На свечената приредба, имавме чест да присуствуваат претседателот на Владата на Р.Македонија,г-дин  Зоран Заев, министерот за образование и наука,г-дин Арбер Адеми и градоначалникот на општина Бутел, г-дин Велимир Смилевски.

Фотографијата е превземена од: http://vlada.mk/?q=node/15490

Премиерот Заев при своето обраќање истакна дека првиот училишен ден е посебен и се памети целиот живот. Тој на наставниците им порача да ги охрабруваат и почитуваат љубопитството и фантазијата на учениците, како и никогаш да не ги игнорираат индивидуалните посебности на децата. А на учениците им порача да бидат љубопитни и никогаш да не престанат да поставуваат прашања. Министерот Адеми ги охрабри учениците дека не чекорат сами по патот на кој ќе се развиваат на личен и професионален план. Градоначалникот Смилевски, при своето обраќање истакна дека ќе продолжи да вложува во училиштата и во образованието бидејќи децата се иднината на една општина. Посебно истакна дека во нашата општина секоја година се зголемува бројот на новозапишани првачиња.

Фотографијата е превземена од: http://vlada.mk/?q=node/15490

Топло добредојде им посака и директорката на нашето училиште, г-ѓа Лепосава Дохчева која им посака успех на сите ученици и вработени. Таа истакна дека во последнива 35 години, по повод првиот училишен ден, им ги отвара вратите на новите првачиња кои сега голем дел се и родители кои оваа година ги запишале своите деца да учат исто во ова училиште.

Свечената приредба за нашите нови првачиња беше збогатена и со литературни рецитали како и со ритмичка точка. А за крај, настапи хорот на нашето училиште кој ја испеа химната на ООУ Ацо Шопов.

Уште еднаш им посакуваме среќен почеток на нашите најмили првачиња![/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row]

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
април 2024
П В С Ч П С Н
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Следете не