Нашето училиште ООУ,, АЦО ШОПОВ “(март 2024) учествуваше на отворен повик за изработка на стрип организиран од
„Стрип центар на Македонија – Велес“ како дел од проект со наслов „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“. Истиот е поддржан од Младинскиот меѓукултурен уметнички Фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Целта на проектот е :
Да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничката поделба да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата. Нашите учесници добија Сертификати за успешно учество на тематскиот стрип конкурс :
-Војдан Георгиевски II а одделение
– Каја Тимотиевиќ II а одделение
– Давид Петров IV б одделение
– Кирјана Георгиевска IV б одделение
– Јасмина Јовческа VIII б одделение и
– Калин Здравков VIII в одделение
Честитки за учениците и одговорните наставници Ване Ѓоргов и Силвана Ѓуровска ( Координатор на ПМИО)


