ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Се одржа третиот Предизвик за кодирање и победниците ни доаѓаат од ООУ „Ацо Шопов“ од Бутел, Скопје.

17.03.2021 година
Се одржа третиот Предизвик за кодирање и победниците ни доаѓаат од ООУ „Ацо Шопов“ од Бутел, Скопје. Називот на победничкиот проект е „Микро:бит“ обновлива енергија“.
Благодарение на вештините за кодирање, критичко размислување и решавање проблеми коишто ги стекнаа во рамките на програмата „Училишта на 21-от век“, тимот кој го сочинуваат учениците Филип Величковски и Ангел Крстевски со помош на нивната наставничка по Информатика, Билјана Симоноска Антовска, го решија проблемот со изнаоѓање начин за користење обновлива енергија од ветер и сонце во нашите домови.
Им честитаме на сите учесници што беа цврсти и што учествуваа во натпреварот и покрај учењето од далечина и другите пречки со кои се соочуваа минатата учебна година!