[vc_row][vc_column][vc_column_text]
Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за ДЕН НА СВЕТСКИОТ МИР.
Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.
На 10.09.2018 год бевме домаќини и во просториите на нашето училиште се одржа состанок со претставници од УСАИД ,ликовни уметници вклучени во проектот,претставници од јавниот сектор од локалната заедница и ученици со своите наставници од сите седум основни училишта од општина Бутел. Целта на овој состанок беа да се дефинираат активностите кои ќе се спроведат на 21 Септември по повод одбележување на Меѓународниот ден на мирот кој ќе се одржи во Гратскиот парк во Скопје.
Претставниците од УСАИД пред учениците и наставниците ги презентираа активностите за тој ден, но ги слушнаа и мислењата и препораките од учениците и заедно допринесоа во дефинирање и организирање на јавниот промотивен настан по тој повод.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”3129,3130,3131,3132,3133,3134,3135,3136,3137,3138,3139,3140,3141,3142,3143″ img_size=”240×130″][/vc_column][/vc_row]