ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Првиот училишен ден

Училишното ѕвонче го означи стартот на новата учебна 2023/24 година.
Утрово учениците возбудено итаа кон училиштето. Сите со нови спомени и доживувања од летниот распуст.Повторно видување со своите соученици и наставници. Насекаде детски џагор и насмеани лица.
Но, највозбудени и растреперени со измешани чувства на радост, страв, срам или тага беа новите ученици кои тргнуваат во прво одделение.
Општинското основно училиште “Ацо Шопов“ денес свечено ги пречека своите првачиња со пригодна приредба за нив и нивните родители, баби и дедовци. На приредбата присуствувше и градоначалникот на општината Дарко Костовски кој на сите првачиња им додели ранец со училишен прибор
.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2026
ПВСЧПСН
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031 

Следете не