Со особена чест и задоволство, гордо ја споделуваме прекрасната вест дека нашата ученичка ЈАНА КРСТЕВСКА е Првенец на генерацијата 2017-2026! 

Ова највисоко признание доаѓа во рацете на Јана како вистински пример за посветеност, вредност и другарство. Јана во текот на сите овие години покажа дека со многу труд, знаење и искрена желба за учење се постигнуваат највисоките врвови. Покрај тоа што секогаш носеше победи од натпреварите, таа пленеше со својата добрина, секогаш подготвена да помогне и да подари топол збор на секој соученик.
Нејзината истрајност, знаење и активно учество во училишниот живот оставаат трајни вредности.
Им посакуваме многу успех, среќа и нови достигнувања на сите наши ученици во понатамошното образование и животен пат! Секогаш да го носите во себе оганот кој го запаливте во ,,ООУ Ацо Шопов”




