ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

             ООУ,,Ацо Шопов,, декември (13 – 27 декември ) аплицираше во компонента за стимул /реновирање на училиштата на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование.Критериум за аплицирање беа училиштата од девет пилот општини, во кои беше и нашата општина Бутел .

            Запазувајќи го рокот  и критериумите:

  • формирање училишни тимови за реновирање
  • пополнување на Прилози за предвидени МИО активности за учебната 2017/2018 година
  • приоритети за реновирање на училиштето
  • обезбедување подршка од градоначалникот на општината,господинот Велимир Смилевски и учество на општината со  10 % од вредноста , беа предуслов

 за позитивен одговор на апликацијата .

            Големиот гранд  е одобрен (август 2018 ),на девет основни училишта на Р Македонија меѓу кои е и нашето училиште.Предвидениот буџет за реновирање на едно училиште е 1.200,000 денари  .

             На 17 .08.2018 год. во хотел Континентал е одржана работилница за одредување на приоритети за реновирање на училиштата. Дадени се насоки за реализирање на целиот Проект .

Одржани се состаноци со училишните тимови за реновирање на кои е одредена  листа на  приоритети за реновирање и даден е Приоритен проект за реновирање.

На 10.09.2018 училиштето беше посетено од тимот на МЦГО ,претставници од УСАИД и Градоначалникот на општина Бутел за договор како ќе течат активностите за реновирање на училиштето.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row]

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
април 2024
П В С Ч П С Н
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Следете не