ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

ПОСЛЕ 40 ГОДИНИ ООУ “АЦО ШОПОВ” ДОБИВА НАДГРАДБА!

Заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска и директорката Билјана Симоноска Антовска, го поставивме камен темелникот на надградбата на ООУ ,,Ацо Шопов”.
Ова е посебен историски ден за сите нас, а особено за населба Радишани.
Поставивме камен-темелник на нов модерен објект за надградба на ООУ “Ацо Шопов” во кое настава посетуваат над 800 ученици.
Новиот објект, кој ќе биде финализиран до почетокот на следната учебна година. Ќе се протега на околу 400 м2. Нови 4 училници, со модерен хол, тоалети и сите други неопходни простории.
Вредноста на целиот проект изнесува 3️⃣6️⃣ милиони денари.
Оваа надградба ќе биде уште еден симбол за посветеноста на нашата општина за обезбедување на најдобри услови за нашите деца.
 

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
мај 2026
ПВСЧПСН
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не