Учениците од 4 одделение имаа организирана посета на киното Синеплекс, каде што гледаа интересен анимиран филм. Посетата беше дел од нивните воннаставни активности и им овозможи да се опуштат и забавуваат заедно. Децата со големо внимание го следеа филмот, а по завршувањето разговараа за пораката и омилените ликови. Ова искуство придонесе за развивање на нивната креативност, дружење и културно однесување во јавен простор




