ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

ОСВОЕНА ПРВА НАГРАДА

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, по повод одбележувањето на 70 -годишнината од завршувањето на Граѓанската војна на 27.03.2019 година (среда) 12ч. во Дом на АРМ организира ПРОМОЦИЈА на две книги “ПЕСНИ ЗА ЕГЕЈОТ” и “РАСКАЗИ ЗА ЕГЕЈОТ “. Автори на овие книги се учениците од петто до девето оделение од сите училишта во републиката. (учесници на конкурсот
распишан од страна на здружението ‘ТГА за ЈУГ” под мотото ДА НЕ ГО ЗАБОРАВИМЕ МИНАТОТО, НО ДА СЕ СТРЕМИМЕ КОН ПОДОБРА ИДНИНА).Промотори на книгите ке бидат самите автори.
Стручната комисија на здружението ги разгледа сите творби и додели награди на следниве ученици-

НАГРАДЕНИ ПЕСНИ :
Прва награда
“ ВО РОДНАТА ЗЕМЈА” Ива Аврамовска
6 -б одд. -“ОУ Ацо Шопов”-Скопје,
ментор-Александра Јорданоска
Втора награда
“ВОЈНА” Вероника Коруноска,
6-в одд. – “ОУ Невена Георгиева-Дуња”-Скопје,
ментор-Билјана Велковска-Зиковска

Трета награда
“КОПНЕЖ“ Ева Златева,
7 одд.- “ОУ Гоце Делчев”-Свети Николе,
ментор-Гордана Панева

НАГРАДЕНИ РАСКАЗИ
Прва награда
“ЗРАК СВЕТЛИНА ЗА ВИЧ И ГРАМОС” Татјана Јовановска,
8 – 1 одд. – “ОУ Петар Поп Арсов”,
ментор-Марија Петкова

Втора награда
“ДА ГРАДИМЕ МОСТОВИ” .Бисера Стојчевска, 8 – 1 одд.
“ ОУ Кузман Јосифовски Питу”-Скопје,
ментор-Елизабета Камческа
Трета награда
“ТАЛКАЧИ”, Јован Величковски
ОУ “Кузман Јосифовски Питу”-Скопје,
ментор-Татјана Нанкова

Наградите на учениците ќе бидат врачени на самата промоција на книгите на 27-ми март во Дом на АРМ од стрна на Заменик-министерот за Образование г-дин Петар Атанасов.
БРАВО!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row]