ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Одбележување на 15 Септември – Светски ден на глобалната чистота

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

15 Септември е светскиот ден на глобалната чистота. По тој повод денес14.09.2018 година и нашето училиште се приклучи кон оваа акција. Оваа година, мотото е „Одговорноста е наша, заедно за почисто Скопје“.

Во нашето училиште се организираше акција за чистење, за почиста животна средина и почисто училиште. Во оваа акција се приклучија вработени во училиштето, родителите на учениците и самите ученици. Целта беше возрасните преку пример да им покажат на учениците како се одржува чиста и убава средина за живеење.

Се чистеше училишниот влез, парковите околу училиштето, терените за тенис и кошарка. Преку оваа акција докажавме дека можеме да имаме чиста средина за подобро здравје, но и подигање на јавната свест дека отпадот има соодветно место.

Акцијата не застанува тука, ги потикнавме учениците и локалното население секојдневно да се грижат за чистата средина, а не само еден ден во годината.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”2888,2886,2885,2884,2883,2882,2881,2880,2879,2878,2877,2876,2875,2874,2873,2872,2871,2870″ img_size=”200×100″][/vc_column][/vc_row]