ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Одбележан Меѓународниот ден за борба против трговија со луѓе

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Одбележан Меѓународниот ден за борба против трговија со луѓе со учениците од VIII а и IV б одделение ООУ „Ацо Шопов“

Во рамки на Меѓународниот ден за борба против трговија со луѓе, Клубот на млади на Црвен крст – Чаир, во ООУ „Ацо Шопов“, на 23 ноември 2018 година, реализираа 2 работилници, со цел да се подигне свесноста кај младите од овој вид на злоупотреба. Трговијата со луѓе е меѓународен проблем и претставува модерна форма на ропство.
Младите од VIII а одделение беа запознани со трите фази на заведување (регрутирање, односно „врбување“, транзит и експлоатација). Во процесот на трговија со луѓе најсурови се искористува човечкото тело и труд при што на жртвите им се прекршуваат основните човекови права, почнувајќи од ограничувањето на движењето, па се до насилство и злоупотреба и тоа се заради стекнување на материјална корист на поединци. И покрај глобалните заложби за спречување на овој феномен, се уште опствојува овој вид на злоупотреба врз човекот.
Токму затоа, Црвениот крст, постојано оддржува работилници на оваа тема со цел младите да знаат да ги препознаат фазите доколку се сртнат во овој вид на злоупотреба. Младите беа едуцирани и доколку навлезат во овој ланец, како да остават трага зад себе за да може што побрзо да бидат спасени.
Втората работилница, беше наменета за учениците од IV б. За прв пат, се изведува ваков вид на работилница наменета за оваа возраст на деца. За таа цел, направена е едукативна игра со закани и проблеми со кои може да се сртнат децата и преку дадени ситуации како да ги препознаат, но и како да изреагираат за да се заштитат. Најважно беше препознавањето на проблемите. Младите покажаа извонредни предзнаења за препознавање и правилен начин на реакција во случај на заведување или злоупотреба.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”3809,3810,3811,3812,3813,3814,3815,3816,3817,3818,3819,3820,3821,3822,3823,3824,3825,3826,3827,3828″ img_size=”240×130″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][/vc_column][/vc_row]