ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Одбележан Денот на востанието против фашистичкиот окупатор, 11 Октомври од учениците на историската и ликовната секција на нашето училиште под менторство на наставниците Дарко Костенцов и Ване Ѓорговски.

Честит 11 Октомври, Денот на востанието! Со серија вооружени акции во Прилеп и Куманово, на овој ден во 1941 година, бил означен почетокот на борбата против фашизмот против бугарскиот и италијанскиот окупатор и борба за конечно ослободување на македoнскиот народ. Почетокот на борбата е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
април 2024
П В С Ч П С Н
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Следете не