Новогодишниот хепенинг е одлична прилика да се создаде празнична атмосфера во училиштето и да се споделат радостите на новогодишните празници со учениците, наставниците и родителите.
Училиште не е само место за учење, туку и за забава, дружење и создавање спомени кои ќе ги носиме со нас засекогаш.
Секоја година традиционално во нашето училиште, ОOУ,,Ацо Шопов” – Скопје, во општина Бутел се одржува новогодишен Хепенинг. Вечерта на 16.12.2024 година со почеток од 18:00 часот во просториите на училиштето се одржа прекрасен новогодишен Хепенинг.
Вечерта сите заедно славиме, се смееме, пееме и го почувствуваме вистинскиот дух на заедништво. Сите заедно ученици, родители и наставници.
Хепенингот беше одржан во соработка со Советот на родителите.
Голема благодарност до сите кои помогнаа да го организираме овој настан – наставниците, учениците и родителите кои посветија време и љубов за сето ова да биде возможно.
Детските насмевки, среќа и ведрина го красеа настанот.
Нашето училиште беше облечено во новогодишно руво.
Новинарска секција при ООУ ,,Ацо Шопов’’ – Скопје




