ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Ноември- месец на науката

Сакам да ја споделам радоста за успехот на ученикот Марко Мишиќ од 6-а одд. кој денес учествуваше на ПМФ на натпреварот ,,Ноември- месец на науката” со презентација на тема: ,,Докази за формата на земјата” и освои 2-ро место. Марко предизвика голем интерес и воодушевување помеѓу присутните.Задоволството беше поткрепено со голем и долг аплауз и пофални зборови од страна на комисијата, како,, Тој е дури подобар од многу наши студенти”. Зборовите повеќе кажуваат за постигнатиот успех од било која награда, посебно и тоа што професорката која беше во комисија дојде и лично му честита на Марко откако му беше доделена дипломата за освоено 2-ро место.
Горда сум што сум професор на ученик како Марко!-рече неговиот ментор Невенка Стоева.И ние сме горди.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
март 2024
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не