ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

На 12.03.2021 год. се одржа воннаставна активност со ученици од трето б одделение.

На 12.03.2021 год. се одржа воннаставна активност со ученици од трето б одделение  и наставничката Светлана Латиновска Пислевска кои учествуваат во секцијата за еколошко и хортикултурно уредување на училиштето. Учениците имаа за цел да засадат најразлични семиња од зеленчук за кој ќе се грижат во периодот кој следува, ќе истражуваат и ќе одгледуваат зеленчук и овошје, ќе се оспособат да произведат расадник. Ќе научат да се грижат за него се до периодот на пресадување во училишниот двор, грижа и нега до готов производ. Ќе се поттикнува одговорност и љубов кон органско производство, здрава храна и здрав живот.

 

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
јули 2025
ПВСЧПСН
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031 

Следете не