Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.
📍 Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.
📍 Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.
📍 Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.
📍 Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.
📍 Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.
📍 Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.
📍 Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.
📍 Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.