[vc_row][vc_column][vc_column_text]
Денес 17. 10. 2018 година на еден забавен, современ, интерактивен начин се оддржа јавна презентација на заеднички ученички активности во Младински културен центар. Настанот претставува завршна активност и заокружување на целокупните едногодишни активности од МИО проектот. Проектот е подржан од USAID и МОН. 28 ученици од ООУ „Ацо Шопов“ од Општина Бутел беа присутни на настанот. Имаа можност да ги разгледаат штандови за промоција на заеднички ученички активности. Следејќи го современиот технички развој интересен дел претставуваше Photo booth како убав спомен од настанот.
Официјалниот дел започна со промоција на анимирано видео со силна метафорична порака ѕидовите да се рушат и заменат со мостови. Следуваше поздравен говор од организаторот.
Учениците ја проследија билингвална театарска претстава „Едноставно чудни приказни“, модерни верзии на класичните приказни,а потоа и театарската претстава „Младост во раскрсница“.
Учествуваа на карневалската маска „Разиграна градина“.
Настанот заврши со рок музика на младите музичари.
Настанот претставуваше Македонија во мало бидејќи имаше ученици од различни делови на Македонија, се слушаа различни јазици кои не беа пречка за нивна меѓусебна комуникација.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”3236,3237,3238,3239,3240,3241,3242″ img_size=”240×130″][/vc_column][/vc_row]