Историја испишана со труд, посветеност и големо срце! Нашите ученици во машка и женска конкуренција блеснаа на турнирот во рамките на проектот „Плазма – Спортски игри за млади“ и заслужено се искачија на највисокото место на пиедесталот, освојувајќи ја титулата ГРАДСКИ ПРВАЦИ во баскет 3х3! 

Горди сме на нивната пожртвуваност, борбеност и тимски дух, со кои достојно го претставија нашето училиште и покажаа дека успехот се гради со работа, дисциплина и верба во себе.
Со овој голем успех обезбедивме пласман на државното натпреварување, каде што нашите ученици ќе имаат можност повторно да ги покажат своите квалитети и спортски вештини.
Ова е успех што ќе се памети долго и ќе остане запишан како еден од најсветлите спортски моменти во нашето училиште. Нека оваа титула биде поттик за уште поголеми успеси во иднина!
Од срце им честитаме на сите ученици и им благодариме што ни приредија моменти исполнети со радост, гордост и незаборавни емоции.
Браво шампиони! Вие сте нашата гордост! 





