ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Драмата,,Моја тајна“

Од 11.02-15.02.2020 година нашите ученици од драмската секција со своите наставници тргнаа по патот на запознавање на другите култури и работата на своите другари од Република Србија,Словенија,Украина.Бевме горди што достојно го претставивме нашето училиште.Стекнаа нови пријатели.Им благодариме на нашите домаќини во училиштата и родителите кои ги прифатија нашите деца.Благодариме на Крушевац за топлото добредојде,каде попатно го посетивме и им бевме гости.Марибор е дестинацијата каде продолжи дружењето и каде ја претставивме драмата,,Моја тајна“ за која добивме само пофалби.Спортски активности во повеќе дисциплини во организација на родителите домаќини го заокружи дружењето.Подршка на нашите ученици беше и Градоначалникот на Општина Бутел,господинот Велимир Смилевски кој беше горд на учениците од својата општина.Секако и амбасадорот на Македонија во Словенија ја даде подршката при самата изведба на драмата,но и на приемот во амбасадата во Љубљана.Горди сме на Живкица,Филип,Петар,Лука и Леона како и на нивниот ментор Александра Јордановска.