ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Спортски игри за млади

Нашата генерација 2017, со одлична игра и голема борбеност, се закити со титулата зонски шампиони во НАРОДНА ИГРА во рамките на спортските игри од проектот Плазма – Спортски игри за млади! Додека генерација 2015 го освоја второто место 🥈
Горди сме на нивниот успех, посветеност и желба за победа. Им честитаме на сите ученици за прикажаната игра и им посакуваме многу среќа и нови успеси на следното ниво од натпреварувањето.
Дополнителна причина за гордост е и успехот во атлетиката, каде што нашите ученици постигнаа одлични резултати во дисциплината трчање на 60 метри:
🥇 Нина Николовска (3г) – 1 место
🥇 Јане Јосивоски (3в) – 1 место
🥇 Михаил Тасевски (5г) – 1 место
🥈 Лена Трифуновска (5в) – 2 место
Со својата брзина, упорност и спортски дух тие достојно го претставија нашето училиште и не направија особено горди.
Браво шампиони, продолжете да не правите горди! 🏆👏🥇🏃‍♂️🏃‍♀️🎉

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
јуни 2026
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930 

Следете не