ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Штетните влијанија од алкохолот, цигарите и наркотичните средства

Во просториите на нашето училиште, се одржа панел-дискусија на тема „Штетните влијанија од алкохолот, цигарите и наркотичните средства“, наменета за учениците од деветто одделение.
Дискусијата ја водеше Даниела Тасевска, доктор интернист во поликлиниката Бит Пазар, која преку стручно и интерактивно излагање им укажа на учениците за последиците и ризиците од употребата на овие штетни супстанции.
Учениците со големо внимание ја следеа дискусијата, активно учествуваа и поставуваа прашања, покажувајќи интерес за темата и важноста за градење здрави животни навики.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
јуни 2026
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930 

Следете не