Во периодот од 28.10.2025 до 30.10.2025 година, наставничката по англиски јазик м-р Александра Ѓорѓиевска го претставуваше ООУ „Ацо Шопов“ на меѓународниот семинар „Strengthening EU Values through Digital Participation“ во Рига, Латвија, посветен на унапредување на европските вредности, дигиталната партиципација и активно граѓанство кај младите.
Настанот овозможи размена на искуства, идеи и создавање идни партнерства за Еразмус+ и eTwinning проекти насочени кон промовирање на инклузија, дигитална писменост и младинско учество.




