ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

95 годишнината од раѓањето на поетот Ацо Шопов и патрон на нашето училиште

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

По повод 95 годишнината од раѓањето на поетот Ацо Шопов и патрон на нашето училиште, ја одбележуваме годишнината со литературна средба, со литературно читање.
Возбудата кај учениците беше очигледна бидејќи гости беа госпоѓа
Светлана Шопова, сопругата на Ацо Шопов и нивната ќерка Јасмина Шопова, кои
ги замоливме да ни го доловат ликот на Ацо Шопов како сопруг и татко, бидејќи
како поет го познаваме и му се восхитуваме.
Денот декемвриски, лето Господово 2018, на прагот и во пресрет на 2019 година,
век обележан со висок технички развој, војни и болести, компјутеризација…
Но, денес се собравме да комуницирање со најсовршениот јазик во светот-
поетскиот, кој човекот го возвишува, облагодарува, хуманизира, победува,
чувствува, го очовечува поетскиот јазик, ја разгорува, ја лечи и ја рани душата
човекова.
Токму ова е наша желба и порака за следниот милениум, човекот да не стане
човек-машина, туку човекот да остане човек.
Поезијата ја има таа моќ.
Поетскиот збор на Ацо Шопов е силен, широк, длабок, поетскиот збор на Ацо
Шопов е универзален, космополитски.
Чувствата и поетскиот збор на оваа средба ги збогативме со настапот на нашите
ученици –литературците, тие ги прават своите поетски обиди, на зборот му го
бараат вистинското место. Ги прочитаат нивните омилени творби од поетот.
Потоа се разви интересен, непосреден и топол разговор за личноста на Ацо
Шопов, зборуваа сопругата и ќерката, сеќавања полни со емоции, анегдоти.
Ваквите средби се секогаш интересни, па си посакавме наскоро видување

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”4094,4095,4096,4097,4098,4099,4100,4101,4102,4103,4104,4105,4106,4107,4108,4109,4110,4111,4112,4113,4114,4115,4116,4117,4118″ img_size=”240×130″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row]