ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Младинската акција се спроведе со поддршка од Општина Бутел и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Дворот на градинката „11 Октомври“ од Бутел доби нов лик благодарение на повеќе од 150 ученици од основните училишта „Ацо Шопов“, „Лиман Каба“ и „Панајот Гиновски“ од оваа општина кои заедно организираа волонтерска акција во градинката. Акцијата беше иницирана за време на средбите во изминатиот период кога учениците идентификуваа проблеми со кои се соочуваат во нивната околина и можни решенија.

За време на младинската акција, младите учествуваа во повеќе активности за уредување на дворот на градинката. Тие ја бојадисаа оградата во разни бои и им дадоа интересен изглед на бетонските конструкции. За да ја подигнат свеста за заштита на околината и кај најмалите, тие посадија борчиња.

Оваа иницијатива произлезе од неколкумесечниот процес на планирање во рамки на кој учениците од различни етнички заедници се запознаа и дискутираа за предизвиците во нивната општина. Тие даваа конкретни предлози за решавање на истите и ги презентираа пред претставници од  Општина Бутел. На овој начин ги унапредија своите вештини и демократски вредности.

Младинската акција се спроведе со поддршка од Општина Бутел и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во соработка со Младински образовен форум.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2024
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Следете не