ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

21 февруари е меѓународен ден на мајчиниот јазик

21 февруари е меѓународен ден на мајчиниот јазик и нашето училиште го одбележува овој датум, ја почитуваме и славиме јазичната различност.
Македонскиот јазик е основно национално обележје по кое се препознаваме во светот, јазик чии корени досегаат во длабочините на минатото и нѐ држи исправени за во иднина. Преку цитати од значајни личности се потсетивме на развојниот пат на македонскиот јазик. Слушнавме прекрасни стихови од Гане Тодоровски и Катица Кулавкова за македонскиот јазик.
Денес, се соочуваме со нови предизвици за зачувување на јазикот и кирилицата. Јазикот живее со говорителите низ нивната љубов за него.
Нека ни е честит Денот на мајчиниот јазик!!!

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
април 2026
ПВСЧПСН
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930 

Следете не