ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Новогодишен хепенинг

Новогодишниот хепенинг е одлична прилика да се создаде празнична атмосфера во училиштето и да се споделат радостите на новогодишните празници со учениците, наставниците и родителите.
Секоја година традиционално во нашето училиште, ОOУ,,Ацо Шопов” – Скопје, во општина Бутел се одржува новогодишен Хепенинг. На 15.12.2025 година со почеток во 13.30 часот се реализира лотарија (тркало на среќата) во просториите на ОOУ,, Ацо Шопов” – Скопје со Советот на родители. За реализацијата на настанот помогнаа и општествено одговорни компании со своите кондиторски производи. Голема благодарност до ЖИТО ЛУКС АД Скопје, ДПП ДИМЕ ДОО Скопје, ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје, СТОКОМАК ДОО Скопје кои ја збогатија лотаријата со асортиманот од нивните производи и со тоа ја проширија насмевката и радоста на лицата на нашите ученици.
Училиште не е само место за учење, туку и за забава, дружење и создавање спомени кои ќе ги носиме со нас засекогаш.
Вечерта на 15.12.2025 година со почеток од 18:00 часот во просториите на училиштето се одржа прекрасен новогодишен Хепенинг. Вечерта сите заедно, ученици, родители и наставници славевме, се смеевме, пеевме и го почувствувавме вистинскиот дух на новогодишните празници. Хепенингот беше одржан во соработка со Советот на родителите.
Голема благодарност до сите кои помогнаа да го организираме овој настан – наставниците, учениците и родителите кои посветија време и љубов за сето ова да биде возможно.
Детските насмевки, среќа и ведрина го красеа настанот.
Нашето училиште беше облечено во новогодишно руво.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
април 2026
ПВСЧПСН
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930 

Следете не