ЗАДАЧА НА УЧИЛИШНА ЗАЕДНИЦА НА ПАРАЛЕЛКАТА

       Заедницата на паралелката ја сочинуваат сите ученици во паралелката (одделението) поддржани од одделенскиот раководител. Задачите на заедницата се да одлучуваат за прашања поврзани со учењето, престој во училиштето, меѓусебни односи, како и односи со возрасните во училиштето.

УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ

Ученичкиот парламент е облик на организирање на учениците на ниво на училиште, а составен е од претседателите на заедниците на паралелките во едно училиште, одговорен наставник, педагог и психолог.  Ученичкиот парламент ги застапува интересите на сите ученици во училиштето, како и учество на учениците во донесување одлуки кои директно влијаат врз нив.

Претседател на парламентот е одбрана Теодора Спиркоска ученик од 9 г одделение, а за нејзин заменик е Мила Ивановиќ од 9в одд.

Состаноците се одржуваат редовно и според правила со тоа што секој ученик може да го оставри своето право
на збор. На состаноците се разговара за проблемите во училиштето, нивните решенија и за идеи кои носат подобра иднина за училиштето.
УЧИЛИШЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ
        Улогата на ученичкиот правобранител е да „се грижи за заштита и унапредување на правата на учениците во училиштето“. Ученички правобранител е ученичка функција и должност која претставува нов модел на ученичко учество, доста значаен за заштита на детските права во училиштето.
 Оваа година училишен правобранител е избрана ученичката Ана Узунова  ученик од 8а , а нејзин заменик е Јана Јанковска – ученик од 8б одд. Кај училишниот правобранител може да се обрати секој ученик кој мисли дека некое негово право е прекршено, а правобранителот има задача да спроведе постапка за решавање на тој проблем. Ученичкиот правобранител има приемен ден секој вторник од 13:00 до 13:40 за прва смена и 11:45 до 12:25 за втора смена во посебно определена просторија. Исто така учениците може да се обратат и на e-mail: pravobranitel2024@yahoo.com