Во северниот дел на градот Скопје, под падините на планината Скопска Црна Гора се наоѓа населбата Радишани во која е сместено Основното Општинско училиште „Ацо Шопов“. Toa е лоцирано на територијата на општина Бутел, на ул. „Радишанска” 68а и ги опфаќа учениците од населбата и селото Радишани.
Во 1984 година ова училиште за првпат ги отвори вратите за својте ученици. Тогаш во него се запишани 645 ученици. Денес во училиштето учат 843 ученици кој се распределени во 33 паралелки. За успешна реализација на наставата се одговорни 51 наставник. За унапредување на воспитно образовната работа на училиштето одговорна е стручната служба која ги идентификува недостатоците во работата, ја утврдува нивната природа и причини за да се отстранат овие недостатоци. Наставата е организирана во две смени. Но наставата не е само предавање на научни сознанија од различни области, туку и пошироко делување во вид на проектни активности со многу воннаставни активности, додатни и дополнителни задолженија за мотивирање на ученици. Учениците своето знаење го потврдуваат на натпреварите на локално и државно ниво кои се одвиваат секоја година а честопати се враќаат со високи награди.
За таа цел промовираме здрава навика и спортски дух, каде што е формиран училишен Спортски клуб Ацо Шопов, за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка. Со што градиме здрава иднина, здраво општество и силна младина.
Современата квалитетна настава со најмодерна техничко – технолошка опрема, допринесува за квалитетно образование. Унапредувањето на условите во нашата образовна институција е главен приоритет за обезбедување квалитетно образование. Воспоставени се подобрени услови за учење, кои што овозможуваат поголемо внимание за секој ученик. Електронските едукативни ресурси што се користат во процесот на учење во нашето училиште ги прошируваат можностите на наставникот во сите фази на часот и меѓу другото, помагаат да се зголеми мотивацијата со привлекување разни видови информации.
Општата цел во нашето училиште е да направиме исчекор кон процесот на секојдневна дигитализација и модернизација во воспитно – образовниот процес преку користењето на интерактивните табли во секоја училница.
Образованието е еден од клучните елементи од кои зависат квалитетот на социјалниот и економскиот живот во општеството. Улогата на воспитно – образовниот процес е социјализација, воспитание и образование на учениците, со цел создавање на основи за развивање на нивните потенцијали и стекнување на знаења за светот којшто ги опкружува.
Мисијата на училишното образование е еднаков пристап и максимална опфатеност на учениците со различни форми и програми, од различни области, дизајнирани според современите трендови и најновите научни сознанија од областа на современата квалитетна настава. Во таа насока продолжуваме понатаму, посветено и прогресивно, дипломатски и креаттивно, онака како што правеше нашиот патрон, Ацо Шопов.
Име на училиште | ООУ „Ацо Шопов“ |
Адреса, општина, место | „Радишанска“ 68а, Бутел, Скопје |
Телефон | 2 673 178 |
Факс | 2 601 757 |
Веб-страна | www.acosopov.edu.mk |
Е-маил | aco.sopov@yahoo.com |
Основано од | Од собрание на Општина Чаир 08- 1886 24.05.1984 г |
Верификација – број на актот | 10-837/3 |
Година на верификација | 1994 |
Јазик на кој се изведува наставата | Македонски |
Година на изградба | 1984 |
Тип на градба | Тврда |
Внатрешна површина на објектот | 3500m2 |
Површина на училишен двор | 20 000 m2 |
Површина на спортски терени и игралишта | 800 m2+364 m2+ 400 m2 |
Начин на загревање на училиштето | Нафта (сопствено парно) |
Јазик на кој се реализира наставата | Македонски јазик |
Број на одделенија | Од I до IX |
Број на паралелки | 33 |
Број на комбинирани паралелки | Продолжен престој три комбинирани групи |
Паралелки за ученици со посебни образовни потреби | Нема |
Училиштето работи во смена | Две смени |
Датум на добиен статус | 08-1886 од 24.05.1984 |