ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

8 Декември – ден на Св. Климент Охридски

8 Декември – ден на Св. Климент Охридски

Денот на св. Климент Охридски – 8 Декември во Македонија е државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.

 

Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Денес многу цркви, институции, училишта и здруженија го носат неговото име, а меѓу нив најрепрезентативни се Националната и универзитетска библиотека и Соборниот храм во Скопје, Универзитетот во Битола. Неговото име го носи и универзитетот во Софија. Во чест на св. Климент Охридски се доделува и државната награда за особени остварувања во воспитанието, образованието, културата, науката и здравството.
Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од страдања.

Честит празник !

Млади новинари од 5 а одд :Јана Крстевска,Ведан Апостолов и Михаил Петровски

    Oдговорен наставник

     Силвана Ѓуровска

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
март 2024
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не