Pravilnik-za-ekskurzii-vo-osnovno-obrazovanie
Pravilnik za dopolnuvanje ekskuzii (1)

 

Врз основа на член 34 став 4 од Законот за основното образование

(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 33/10, 116/110, 156/10, 18/11,

15/11, 6/12, 100/12, 24/13 и 41/14) министерот за образование и наука донесе

ПРАВИЛНИК

ЗА НАЧИНОТ НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКИТЕ ЕКСКУРЗИИ И ДРУГИТЕ СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД
ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој правилник се пропишува начинот на изведувањето на училишните екскурзии и другите
слободни активности на учениците од основните училишта.

Член 2

Училишните екскурзии и другите слободни активности на учениците што ги организираат основните
училишта се посебни вонучилишни облици на воспитно-образовната работа што се изведуваат
надвор од училиштето со цел да се реализираат конкретни цели од наставите програми.
Под слободни активности на учениците се подразбираат: настава во природа, кампувања,
излети, летни и зимски школи, зимување и летување.
Зимувањето и летувањето се изведуваат надвор од училиштето заради постигнување на рекреативни и
социјализациски цели.
II. ЦЕЛ И ЗАДАЧИ НА УЧИЛИШНИТЕ ЕКСКУРЗИИ И ДРУГИТЕ СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ
Член 3

Училишните екскурзии и другите слободни активности на учениците имаат за цел совладување и
проширување на знаењата, примена на вештини и ставови преку непосредно запознавање на појавите,
како и односи во природната и општествената средина, културно-историските знаменитости,
индустриските и земјоделските капацитети, во согласност со воспитно-образовната работа на
училиштето.

преку:

Член 4

Задачите на училишните екскурзии и другите активности се остваруваат

– изучување и истражување на објекти и појави во природата како и

односите во општествениот живот;
– развивање интерес за природата и градење еколошки навики;

– запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви;
– градење чувство за патриотизам, толеранција и соживот;
– развивање позитивен однос кон националните, културните и естетските вредности;
– поттикнување и манифестирање на позитивни емоции;
– социјализација, колективна заштита и стекнување на искуство за осамостојување и грижа за
себе;
– развивање интерес за спортски активности, рекреација и создавање навики за здраво
живеење.

III. ПЛАНИРАЊЕ, ПРОГРАМИРАЊЕ И УСЛОВИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И ИЗВЕДУВАЊЕ НА ЕКСКУРЗИИТЕ
И ДРУГИТЕ СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ

Член 5

Со Годишната програма за работа на училиштето се опфаќа и планот и содржината на екскурзиите и
другите слободни активности кои подразбираат реализација на делови од наставниот план и наставните
програми.

Член 6

Врз основа на Годишната програма за работа на училиштето се изготвува

Програма за екскурзии и други слободни активности во училиштето.

Училишниот одбор со одлука формира посебен стручен тим за подготовка на Програмата за екскурзии и
други слободни активности во училиштето. Стручниот тим го сочинуваат: директорот на
училиштето, одделенски раководители или други наставници кои реализираат настава во училиштето
во траење од најмалку една година.
Директорот на училиштето именува раководител на екскурзијата и другите слободни активности од редот
на наставниците кои реализираат настава во одделенијата со кои ќе се изведува екскурзијата или
друга слободна активност.
Програмата за екскурзии и други слободни активности треба да ги содржи следните податоци:
– воспитно-образовни цели,
– задачи,
– содржина на активности,
– раководител, наставници, ученици,
– времетраење,
– локации за посета и правци на патување,
– техничка организација и
– начин на финансирање.

За подготовките од стручно-педагошки и техничко-организационен и безбедносен карактер и
изведувањето на екскурзиите и другите слободни активности во училиштето се грижи стручниот тим од
став 2 на овој член.

Член 7

За секоја програма за екскурзии и други слободни активности, која ја изработува стручниот тим,
одделно мислење дава Советот на родители, Бирото за развој на образованието и Советот на
општината, најмалку 30 дена пред нивното изведување.
Врз основа на мислењата од став 1 на овој член Училишниот одбор ја одобрува секоја
програма за екскурзии и други слободни активности најмалку 20 дена пред нивното изведување.

Член 8

Откако е добиено одобрение за изведување на екскурзијата од Училишниот одбор, екскурзијата се
организира и изведува со согласност од најмалку 30% од родителите на учениците од одделението.
За учениците кои не учествуваат во екскурзијата училиштето организира настава.

Член 9

Наставата во природа се организира со учениците од V одделение за време на воспитно-образовната
работа, во периодот на април и мај во тековната година.
Наставата во природа се изведува само со согласност од најмалку 50 % од родителите на учениците
во паралелката.
Објектите во кои се изведува наставата во природа задолжително треба да имаат најмалку една
училница, опремена според Нормативот за простор, опрема и наставни средства за деветгодишното
основно образование во Република Македонија.
За непосредна реализација на наставата во природа одговорен е одделенскиот раководител на
паралелката.
За учениците кои не одат на настава во природа училиштето организира настава во училиштето за
истите.

Член 10

Летните и зимските школи, кампирањето, летувањето и зимувањето се организираат и изведуваат за
учениците од VI-IX одделение за време на летниот и зимскиот училишен распуст.
Летните и зимските школи се организираат и изведуваат во објекти кои имаат најмалку една
училница, опремена според Нормативот за простор, опрема и

наставни средства за деветгодишното основно образование во Република

Македонија.

За кампување неопходно е да се обезбедат посебни услови и опрема.

Член 11

За оние ученици кои од економски причини не можат да учествуваат во екскурзијата, излетите и
наставата во природа, директорот може да обезбеди нивно учество преку сопствени извори, донации,
спонзорства или други извори.

IV. ОРГАНИЗАЦИЈА И ИЗВЕДУВАЊЕ НА ЕКСКУРЗИИТЕ И ДРУГИТЕ СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ

Член 12

Екскурзиите и другите слободни активности за сите ученици од исто одделение во училиштето се
организираат истовремено, со иста содржина и активности.

Член 13

Екскурзиите и слободните активности се организираат и изведуваат на територијата во Република
Македонија.

Член 14

Екскурзиите се организираат и изведуваат на места, локалитети и објекти определени со овој
Правилник.
Училиштата од Скопје за реализација на екскурзиите одбираат некои од следниве локалитети и
објекти:
– Куманово: Опсерваторијата „Кокино“ и Човеков камен,

– Кратово: Големо градиште с.Коњух,

– Пробиштип: Манастир Гаврил Лесновски-с.Лесново,

-Виница: Виничко кале,

– Берово:Беровско езеро, Манастир „Св. Архангел Михаил“ – Берово,

– Струмица: Колешински водопади и Смоларски водопади, Манастир

„Успение на Пресвета Богородица“ – Елеуса, Манастир „Св. Леонтиј“ – Водоча

– Дојран: Вардарски рид и Дојранско езеро,

– Неготино: ТЕЦ Неготино,

– Кавадарци: Стоби, Фени, ХЕЦ Тиквеш,

– Прилеп: Горен град и Маркови кули, Манастир Свето Преображение во Зрзе, Манастир Успение на
Пресвета Богородица во Трескавец, Манастир „Св. Никола“ с. Манастир, Мариово, Манастир „Св.
Архангел Михаил“ – Варош, Црква
„Св. Никола“ – Варош,

– Битола: Хераклеа и Национален парк „Пелистер“,

– Ресен: Црква „Св. Георгиј“ Курбиново,

– Кичево: Манастир „Св. Богородица – Пречиста“,

– Охрид: Лихнидос, Стари град, Антички театар, Плаошник и Самоилова тврдина, Црква „Св. Софија“ –
Охрид, Црква „Св. Јован Богослов“ – Канео, Манастир
„Св. Наум Охридски“,

– Струга: Природонаучен музеј,

– Вевчани: Вевчански извори,

-Дебар: ХЕЦ Шпиље, Косовраски бањи, Кањонот на Радика, Национален парк „Маврово“, Бигорски
манастир „Св. Јован Крстител“, Манастир „Св. Георгиј Победоносец“ – Рајчица,
– Гостивар: изворот на реката Вардар „Вруток“,

– Тетово: Шарена џамија и Тетовско кале, Лешочки манастир „Св. Атанасиј“

– Крушево: спомен куќа на Тодор Проески, споменик „Македониум“, споменик „Мечкин камен“, галерија
на Никола Мартиновски, црква Св.Никола,
– Крива Паланка: манастир „Св.Јоаким Осоговски“, планински туристички центар „Калин камен“
(Осоговски планини), Кривопаланечка тврдина, Спомен Костурница,
Училиштата од Источна Македонија за реализација на екскурзиите одбираат некои од
следниве локалитети и објекти:
– Струмица: Колешински водопади и Смоларски водопади, Манастир

„Успение на Пресвета Богородица“ – Елеуса, Манастир „Св. Леонтиј“ – Водоча,

– Дојран: Вардарски рид и Дојранско езеро,

– Неготино: ТЕЦ Неготино,

– Кавадарци: Стоби, Фени, ХЕЦ Тиквеш,

– Прилеп: Горен град и Маркови кули, Манастир Свето Преображение во Зрзе, Манастир Успение на
Пресвета Богородица во Трескавец, Манастир „Св. Никола“ с. Манастир, Мариово, Манастир „Св.
Архангел Михаил“ – Варош, Црква
„Св. Никола“ – Варош,

– Битола: Хераклеа и Национален парк „Пелистер“,

– Ресен: Црква „Св. Георгиј“ Курбиново,

– Кичево: Манастир „Св. Богородица – Пречиста“,

– Охрид: Лихнидос, Стари град, Антички театар, Плаошник и Самоилова тврдина, Црква „Св. Софија“ –
Охрид, Црква „Св. Јован Богослов“ – Канео, Манастир
„Св. Наум Охридски“,

– Струга: Природонаучен музеј,

– Вевчани: Вевчански извори,

-Дебар: ХЕЦ Шпиље, Косовраски бањи, Кањонот на Радика, Национален парк „Маврово“,Бигорски
манастир „Св. Јован Крстител“,Манастир „Св. Георгиј Победоносец“ – Рајчица,
– Гостивар: изворот на реката Вардар „Вруток“,

– Тетово: Шарена џамија и Тетовско кале, Лешочки манастир „Св. Атанасиј“,

– Скопје: кањонот на Матка, Манастир „ Успение на Пресвета Богородица“ – Матка, Манастир „Св.
Андреј“ – Матка, Скупи, Римскиот Вијадукт, Скопско кале, Стара чаршија, Аеродром „Александар
Велики“, спомен куќа на Мајка Тереза, музејски комплекс Македонска борба, меморијален музеј на
Холокаустот, Црква
„Св. Спас“- Скопје,

– Куманово: Опсерваторијата „Кокино“ и Човеков камен,

– Кратово: Големо градиште с.Коњух,

– Пробиштип: Манастир Гаврил Лесновски-с.Лесново,

– Крушево: спомен куќа на Тодор Проески, споменик „Македониум“, споменик „Мечкин камен“,
галерија на Никола Мартиновски, црква Св.Никола,
– Крива Паланка: манастир Св.Јоаким Осоговски“, планински туристички центар „Калин камен“
(Осоговски планини), Кривопаланечка тврдина, Спомен Костурница.
Училиштата од Западна Македонија за реализација на екскурзиите одбираат некои од
следниве локалитети и објекти:
– Битола: Хераклеа и Национален парк „Пелистер“,

– Ресен: Црква „Св. Георгиј“ Курбиново,

– Кичево: Манастир „Св. Богородица – Пречиста“,

– Охрид: Лихнидос, Стари град, Антички театар, Плаошник и Самоилова тврдина, Црква „Св. Софија“ –
Охрид, Црква „Св. Јован Богослов“ – Канео, Манастир
„Св. Наум Охридски“,

-Прилеп: Манастир Свето Преображение во Зрзе, Манастир Успение на Пресвета Богородица во
Трескавец,Манастир „Св. Никола“ с. Манастир, Мариово, Манастир „Св. Архангел Михаил“ – Варош,
Црква „Св. Никола“ – Варош,
– Струга: Природонаучен музеј,

– Вевчани: Вевчански извори,

-Дебар: ХЕЦ Шпиље, Косовраски бањи, Кањонот на Радика, Национален парк „Маврово“, Бигорски
манастир „Св. Јован Крстител“,Манастир „Св. Георгиј Победоносец“ – Рајчица,
– Гостивар: изворот на реката Вардар „Вруток“,

– Тетово: Шарена џамија и Тетовско кале, Лешочки манастир „Св. Атанасиј“,

– Скопје: кањонот на Матка, Манастир „ Успение на Пресвета Богородица“ – Матка, Манастир „Св.
Андреј“ – Матка, Скупи, Римскиот Вијадукт, Скопско кале, Стара чаршија, Аеродром „Александар
Велики“, спомен куќа на Мајка Тереза, музејски комплекс Македонска борба, меморијален музеј на
Холокаустот, Црква
„Св. Спас“,

– Куманово: Опсерваторијата „Кокино“ и Човеков камен,

– Кратово: Големо градиште с.Коњух,

– Пробиштип: Манастир Гаврил Лесновски-с.Лесново,

– Виница: Виничко кале,

– Берово:Беровско езеро, Манастир „Св. Архангел Михаил“ – Берово,

– Струмица: Колешински водопади и Смоларски водопади, Манастир

„Успение на Пресвета Богородица“ – Елеуса, Манастир „Св. Леонтиј“ – Водоча,

– Дојран: Вардарски рид и Дојранско езеро,

– Неготино: ТЕЦ Неготино,

– Кавадарци: Стоби, Фени, ХЕЦ Тиквеш,

– Крива Паланка: манастир Св.Јоаким Осоговски“, планински туристички центар „Калин камен“
(Осоговски планини), Кривопаланечка тврдина, Спомен Костурница.

Член 15

Посетата на локалитетите од член 14 од овој правилник не смее да се повторува со ученици
кои веќе го посетиле одбраниот локалитет.

Член 16
Училиштето организира излети за сите ученици најмногу двапати во учебната година, во есен и во
пролет (до 30 километри оддалеченост од општината во која се наоѓа основното училиште), а се
изведуваат во поблиската околина во траење до еден ден.
Училиштето организира екскурзија еднаш во учебната година во траење од еден до три дена и тоа:
-за учениците од III одделение – еден ден;
-за учениците од VI одделение – два дена;
-за учениците од завршното одделение – три дена.
Наставата во природа се организира во траење од три до пет дена еднаш во учебната година.
Кампирањето може да се организира во траење од пет до седум дена еднаш
во учебната година.
Летните и зимските школи, летувањата и зимувањата може да се организираат во траење од седум до
десет дена еднаш во учебната година.
За кампувањето, летните и зимските школи, неопходно е да се изготви посебна програма и да се
обезбедат соодветни услови и опрема.
Програмата за кампување, летување и зимување се состои од два дела:

-прв дел: подготовки, патување и враќање, и

-втор дел: престој, обука за пливање, скијање или друг вид спортување.

За овие форми на спортско-рекреативни активности се прават посебни подготовки на учениците како:
физичка подготовка и обезбедување соодветна опрема, земајќи ги предвид и сите фактори на ризик.

Член 17

За избор на правен субјект за изведување на екскурзиите училиштето, во име на родителите,
спроведува постапка за прибирање понуди со објавување на јавен оглас во најмалку два дневни
весника, од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во
весниците што се издаваат на

јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот
јазик. Истовремено училиштето го истакнува огласот и на видно место на влезот во училишната
зграда.
Постапката ја спроведува Комисија формирана со одлука на Училишниот одбор. Комисијата е
составена од пет членови и тоа три члена од редот на Советот на родители од генерацијата за
која се спроведува екскурзијата и два члена од редот на наставниците. Претседател на
комисијата е еден од членовите на комисијата од Советот на родители.
Комисијата го подготвува огласот во вид на покана за доставување понуди, наведувајќи ги особено,
описот на услуга, минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот, документите кои
треба да ги достави понудувачот, информации за вредноста на банкарската гаранција за квалитетно
извршување на договорот која може да биде во висина од 5% до 15%, како и крајниот рок, местото и
начинот за доставување на истите. Трошоците за објавување на огласот се на сметка на
училиштето.
Описот на услугата се подготвува согласно Програмата за екскурзии и други слободни активности
во училиштето.
Минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот се подготвуваат согласно член 19 од овој
правилник.
Рокот за доставување на понуда не смее да биде пократок од пет работни

дена.

Комисијата ќе пристапи кон евалуација доколку е добиена најмалку една

понуда. Комисијата спроведува евалуација, подготвува извештај од евалуација и дава предлог за
избор на најповолен понудувач или предлог за поништување на постапката во рок од пет
работни дена од денот утврден како краен рок за доставување понуди. Комисијата може да даде
предлог за поништување на постапката во следните случаи доколку:
– не е поднесена ниту една понуда,
– не е поднесена ниту една прифатлива понуда,
– цените во понудата се понеповолни од реалните пазарни цени и/или
– Комисијата не може да изврши споредба на понудите заради различен пристап на понудувачите при
формирање на цената на понудата.
Училишниот одбор во рок од пет работни дена донесува одлука за избор или одлука за поништување
на постапката.

Член 18

На огласот за прибирање понуди може да се јават правни лица кои ги исполнуваат условите
утврдени во истото.
Понудите треба да бидат изработени и доставени согласно барањата во огласот. Понудите не треба
да содржат алтернативни решенија, односно треба да

бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во описот на услугата кој е дел
од поканата за доставување понуда.
Понудата која содржи дополнителни елементи или услуги нема да има предност при евалуација на
истата.
Цените во понудите мора да бидат фиксни, односно не е дозволена корекција на цени во
текот на реализација на договорот.

Член 19

Критериум за доделување на договор за изведување на екскурзиите и други слободни активности е
најниска цена.
Минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот се:
– да е регистриран согласно позитивните прописи во Република
Македонија за вршење на соодветна туристичка дејност.
– да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности во
последните 3 години.
– да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на
сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се
превезуваат групи деца.
Понудата на понудувачот кој не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од страна на
Комисијата како неприфатлива.
Комисијата не смее да утврдува дополнителни минимални услови во огласот за прибирање
понуди, освен условите наведени во ставот 2 на овој член..

Член 20

Неизбраните понудувачи имаат право на жалба, преку училиштето, до градоначалникот на општината,
во рок од осум дена од денот на добивањето на одлуката за избор на најповолна понуда.
Неизбраните понудувачи имаат право на жалба, преку државното основно училиште, до Министерство за
образование и наука, во рок од осум дена од денот на добивањето на одлуката за избор на
најповолна понуда.
Министерот за образование и наука формира комисија која одлучува по жалбата од ставот 2 на овој
член.
Училиштето, во рок од три дена од денот на приемот на жалбата, со целокупната
документација од спроведената постапка ја доставува до градоначалникот, односно до Министерство за
образование и наука.
Градоначалникот, односно министерот за образование и наука одлучува по жалбата во рок од 15 дена од
денот на добивањето на жалбата.

Член 21

Одделенските раководители ги запознаваат родителите за финансиските износи потребни за екскурзиите
најдоцна 15 дена пред терминот предвиден за истото.

Член 22
Директорот на училиштето склучува договор со понудувачот кој понудил најниска цена и ги
исполнува критериумите од член 19 став 2 на овој правилник за изведување на екскурзијата и другите
слободни активности.
Договорот кој го склучува директорот на училиштето со понудувачот треба да содржи се што е
наведено во понудата, согласно барањето за прибирање на понуди, како:
– поединечната и вкупната цена на услугата (сместување, превоз и исхрана);
-услови за сместување, мени за исхрана и превоз;
-во цената влегува и посебното осигурување на учениците;
-начинот на плаќањето;
-водичи, број на наставници и лекар;
-поволности за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. На денот на
потпишувањето на договорот избраниот понудувач доставува
банкарска гаранција за квалитетно изведување на екскурзијата и другите слободни
активности во висина од 5-15 % од вкупната вредност на договорот.
Составен дел на договорот се и условите предвидени во понудата и

Програмата за екскурзија и другите слободни активности.

Член 23
Непосредно пред реализација на патувањето, директорот проверува дали се обезбедени доволен број на
автобуси со седишта за добро и безбедно сместување на сите ученици.
Патувањето не треба да се изведува во периодот од 22 до 06 часот наутро.

Член 24
Еден ден пред реализација на патувањето, директорот од превозникот кој го изведува превозот,
треба да добие доказ за вонредна техничка исправност на возилото за јавен превоз согласно
постојните важечки закони во Република Македонија и записник за извршен вонреден технички
преглед на автобусот не постар од шест месеци.
Возачот на автобусот потребно е да има лекарско уверение не постаро од шест месеци и потврда од
одговорното лице на превозникот дека не возел 12 часа пред поаѓањето.

Член 25
Директорот не го одобрува патувањето доколку автобусот не ги исполнува наведените услови во
поглед на техничката исправност, потребниот број на седиштата и доколку автобусот не е
климатизиран.

Директорот на училиштето, најдоцна 48 часа пред отпочнување на патувањето, го известува органот
надлежен за внатрешни работи за:
-превозникот,
-местото и времето на поаѓањето на учениците,
-бројот на ангажираните автобуси и бројот на пријавените ученици, наставници и други лица.
Директорот на училиштето на вработените кои патуваат им издава патен налог за службено
патување.
Доколку не се исполнети наведените услови, директорот на училиштето ќе ја запре реализацијата на
екскурзијата и другите слободни активности.

Член 26

Пред непосредната реализација, а најдоцна седум дена пред изведувањето на екскурзиите или други
слободни активности, одделенскиот раководител организира состанок со учениците и нивните
родители, на кој ги информира и дава детални објаснувања за Програмата што ќе се реализира.

Член 27
Одделенските раководители треба да добијат од родителите (старателите) податоци за здравствената
состојба на учениците и за истите го известуваат лекарот, пред поаѓањето.
Здравствените податоци на учениците се држат во тајност.
Ако за време на екскурзијата и другите слободни активности, ученикот се разболи или повреди,
лекарот е должен да постапи според своите стручни надлежности и да побара помош во најблиската
здравствена установа.
Доколку ученикот се задржи на лекување, со ученикот треба да остане еден наставник, а другите
ученици го продолжуваат патувањето.
Раководителот на екскурзијата е должен да го извести училиштето и родителите на повредениот или
разболениот ученик и да организира превоз до неговото место на живеење.

V. ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕКСКУРЗИИТЕ И ДРУГИТЕ СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ

Член 28
Непосредно по реализирањето на екскурзиите и другите слободни активности, а најдоцна во рок од
три дена стручниот тим поднесува извештај со оценка за реализацијата и квалитетот на дадените
услуги.
Извештајот го разгледуваат Наставничкиот совет и Советот на родителите, а го усвојува Училишниот
одбор.
Извештајот станува составен дел на Годишниот извештај за работа на училиштето.
Оделенските раководители ги запознаваат родителите со извештајот на
родителски состаноци.
Доколку при разгледувањето на извештајот за реализација на екскурзијата

и другите слободни активности се оцени дека извршителите на услугите не ги испочитувале
договорените обврски, училиштето е должно за тоа да ја извести општината.
VI. НАДЗОР

Член 29

Надзор на спроведувањето на одредбите од овој правилник врши Државниот просветен инспекторат и
овластениот просветен инспектор на општината.

VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 30

Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на
изведување на училишните екскурзии и другите слободни активности на учениците од
основните училишта бр.19-2250/1 од
05.03.2013 година.

Член 31

Постапките започнати пред денот на влегување во сила на овој Правилник ќе завршат согласно
одредбите од Правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии и другите слободни
активности на учениците од основните училишта бр.19-2250/1 од 05.03.2013 година.

Член 32

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на неговото донесување.
Бр. 07-9992/2

Дата: 05.06.2014 година
МИНИСТЕР,
Спиро Ристовски, с.р.