ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

ХУМАНОСТА И СОЛИДАРНОСТА ЗАПОЧНА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

ХУМАНОСТА И СОЛИДАРНОСТА ЗАПОЧНА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ
ООУ „Ацо Шопов“ – Скопје, својата хумана димензија и социјална одговорност, како една од најважните особини на секој човек, сака да ја втемели кај најмладите, бидејќи тие се нашата светла иднина. Една од многуте Календарски активности на Црвениот крст е и Меѓународниот ден на гладта која во светот се одбележува за да ја подигне свесноста на луѓето за проблемот на гладта, од кој страдаат милиони луѓе ширум светот, како и да се надмине овој проблем.

Секоја година од 16 октомври до крајот на месецот, Црвениот крст на РМ преку своите Општински организации ја одбележуваа кампањата „Денот на гладта“ со дел да им се помогне на лицата кои се во социјален ризик.

ООУ „Ацо Шопов“ во соработка со Општинската организација на Црвен крст Чаир активно се вклучи во оддбележување на кампањата за Денот на гладта, преку две активности, и тоа:
1. Вклучување на учениците од IX одделение во Собирна акција со вредносни бонови заедно со волонтерите на ООЦК Чаир. Вредностите бонови беа продавани во населбата Радишани, а со собраните средтва ќе се набави храна и хигиена која ќе се подели на ранливи семејства од општина Бутел.

2. Втората активност која ООУ „Ацо Шопов“ ја реализираше во рамките на кампњата е отворањето на пункт во училиштето на 22 октомври, за собирање на прехрамбена храна и хигиена. Во собирната акција учествуваа сите ученици, родители и граѓани од непосредната околина.

Собраните продукти ќе им бидат донирани на лица (семејства) кои се во социјален ризик, а живеат во нашата непосредна близина или пак се дел од учениците од нашето училиште. Кампањата „Денот на гладта“ која започна на 16 октомври ќе трае до крајот на месецот октомври. До тогаш сите родители и ученици на ООУ Ацо Шопов, и сите граѓани на населбата Радишани ги повикуваме на солидарност, со цел да им помогнеме на оние кои се во социјален ризик, а се меѓу нас.

ООУ „Ацо Шопов“ ќе продолжи редовно да спроведува вакви активности со цел да ја покаже својата општествена одговорност и да ја поттикне хуманоста и солидарноста кај најмладите генерации.
ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ И СОЛИДАРНИ

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”3330,3331,3332,3333,3334″ img_size=”240×130″][/vc_column][/vc_row]

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2021
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не