ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

ХУМАНИТАРЕН СПОРТСКИ НАТПРЕВАР МЕЃУ ООУ „АЦО ШОПОВ“ И ООУ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

ХУМАНИТАРЕН СПОРТСКИ НАТПРЕВАР МЕЃУ
ООУ „АЦО ШОПОВ“ И ООУ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Денес имаме многу причини да бидеме горди на нашите ученици од ООУ Ацо Шопов кои се дел од Проектот на Crven Krst – Cair Kryqi i kuq – Cair – ПХВ. Нашите ученици одржаа лекција по хуманост, како и тие можат да го менуваат светот на возрасните!
Во рамки на Проектот ПХВ, денес 5.04.2019 година во Спортската сала Иван Хаџи Николов во населбата Радишани се одиграа 3 пријателски натпревари во фудбал, одбојка и ракомет меѓу ООУ „Ацо Шопов“ и ООУ „Свети Климент Охридски“. Собраните средства од продажбата на картите ќе бидат наменти за едно седумчлено семејство кое е во социјален ризик.

Голема благодарност до наставниците по физичко Zlatko Bogdanovic и Сучица Стојковска кои несебично се вклучија во организација на натпреварите, до ОУ „Свети Климент Охридски“ кои прифатија пријателски натпревар во име на хуманоста и до Општина Бутел – Opstina Butel која ни овозможи да ја искористиме Салата за хумани цели!

На крај честитки за идеите, ентузијазмот и хуманоста на Теа, Зафир, Никола, Сара и Марко и безрезервната поддршка на дисеминаторот Сања Бошковска
Некогаш ние возрасните треба да учиме од децата! 
Браво!

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2021
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не