ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Учиме и надвор од училишните клупи

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Учениците од  9-то одд од ООУ,, Ацо Шопов“ од Скопје,  на 10.10.2018год. беа на теренски практикум на кањонот и ХЕЦ Матка предводени од наставниците Невенка Стоева, професор по географија и Весна Јакимовска, професор по физика. Теренската настава имаше за цел проширување на стекнатите знаења од областа на географијата, физиката и други предмети од природната група. Посетата на кањонот ,,Матка“ во долниот тек на реката Треска, вештачкото езеро, браната и ХЕЦ ,, Матка“, дополнето со стручното  предавање од  наставникот по географија Невенка Стоева, покрај восхит,  предизвика и  голем интерес со идеја за изработка на проектна задача за типот на релјефот, настанокот на кањонот и ХЕЦ ,, Матка“.Учениците,  поттикнати од природната убавина на пределот и нејзиното искористување за потребите на човекот за различни цели ( искористување на силата на водата за снабдување со електрична енергија преку изградба на браната на р. Треска, вештачкото езеро и други спортско рекреативни активности)  поставуваа прашања, сликаа, истражуваа. На тој начин се предизвика широка дискусија на интересни теми, како:.хидрографски карактеристики на реката Треска и искористеноста на нејзиниот хидроенергетски потенцијал, изградбата на браната,,Св.Андреја“ и ХЕЦ ,,Матка“, релјефните карактеристики и настанувањето на Кањонот Матка, Пештерата Врело и сл.

Исто така, тие имаа можност да го посетат и Музејот на ЕВН  кој е направен во старата зграда на ХЕЦ Матка. Таму од стручно лице од ЕВН  се запознаа со начинот на работа на  ХЕЦ ,,Матка“ т.е. од идејата за изградба, начинот на работа  на ХЕЦ и потребите од неа. Сето тоа преку соодветна нагледност и симулации на работа на ХЕЦ .Покрај тоа учениците имаа можност преку слики, макети и појаснување од  водичот да се запознаат и со други видови на енергетски извори ( обновливи и необновливи).

Теренската настава беше реализирана во согласност со програмата на Стручниот актив на природна група предмети а во функција на збогатување на знаењата кај учениците и поттикнување на интерес кон природните науки.

м-р Невенка Стоева,

Одговорен наставник на Стручен актив

на природна група предмети

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”3170,3171,3172,3173,3174,3175,3176,3177,3178,3179,3180,3181,3182,3183,3184,3185,3186,3187,3188,3189,3190,3191,3192,3193,3194,3195,3196,3197,3198,3199,3200,3201,3202,3203,3204,3205,3206,3207,3208″ img_size=”240×130″][/vc_column][/vc_row]

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2021
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не