[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Современото општество бара современ систем на образование и воспитание. Зошто токму образованието? Затоа што образованието е клучна функција на едно општество. Образованието е во исто време и една од базичните дејности која води кон подобар и поисполнет живот.

 

Денес, во современи услови кога образованието, со цел да биде продуктивно и квалитетно, мора да ги следи забрзаните промени во секојдневниот живот, улогата на училиштето е значително важна, а очекувањата се поголеми од кога и да е. Промените кои со себе ги носи развојот на информатичката технологија, можноста за користење на различни извори на знаење ( тие не се ограничени само на книгата), како и новиот систем на комуникација, со себе носат една нова клима. Оваа ситуација ги предизвикува и продлабочува промените во системот на вредности. Училиштето има поголема одговорност, затоа што треба да овозможи и повеќе од максимумот во образованието и подготовката на младата популација. Исто така, и очекувањето на родителите се во насока на тоа нивните деца да добијат општо образование, кај нив да се развијат етичките вредности, да го формираат карактерот и да ги усвојат клучните вредности неопходни за натамошен живот. Современото училиште треба да ги поттикнува и развива талентите кај учениците особено оние кои се карактеристични за индивидуата, а се практично применливи и продуктивни. Во таа смисла доколку училиштето кај секој ученик ги развива талентот карактеристичен за него дотолку во иднина ќе имаме врвни стручњаци на сите полиња.

 

И во поглед на наставата, современото училиште како еден од приоритетите ја има творечката настава. Со други зборови, низ наставата учениците ќе имаат можности за ефикасно усвојување на знаење со примена на мултимедијални извори затоа што на тој начин учениците ќе се подготват за активно практикување на теоретските знаења и за успешно вклучување во течението на промените кои ги носи технолошкиот развој во секојдневниот живот. Исто така модернизацијата на наставата наметнува повеќе практика, повеќе конкретни примери, многу реални проекти, вежби. Впрочем учениците треба да се образуваат за „суровото, безмилосрдно“ опкручување кое најмногу се доближува до реалноста и да се подготват за она што ги очекува во реалниот свет, надвор од училишните клупи.

 

Се поставува прашањето, кои се тие барања, односно што треба да им овозможи современото училиште на децата. Во таа смисла се говори за:

Директор,

Лепосава Дохчева

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]