ЗАДАЧА НА УЧИЛИШНА ЗАЕДНИЦА
Училишната заедница на ООУ „Ацо Шопов“ е составена од одговорен
наставник, претседатели и подпретседатели на сите одделенија од 6то до
9то одд, ученички правобранител, педагог и психолог.
Претседател на целата училишна заедница е Јана Ангеловска – ученичка
од 9тоб одд. Во заедницата функционираат сите ученици од училиштето
преку нивните претседатели; тие преку претседателите ги изнесуваат
своите мислења, барања и критики кои училишната заедница ги
разгледува на одржуваните состаноци. Состаноците се одржуваат редовно
и според правила со тоа што секој ученик може да го оставри своето право
на збор. На состаноците се разговара за проблемите во училиштето,
нивните решенија и за идеи кои носат подобра иднина за училиштето.
Училишната заедница мора да има минимум 1 состанок месечно, доколку
некој член на истата воочи дека е потребен уште еден состанок истиот
дава предлог за свикување на состанок, а потоа тој се одобрува во
зависност од состојбата.
Училишен правобранител
Веќе 2 училишни години во ООУ „Ацо Шопов“ постои и функцијата
училишен правобраните и негов заменик. Оваа година училишен
правобранител е ученичката Росана Гошева, а нејзин заменик е Дена
Вујичиќ – ученички од 9тоб одд. Кај училишниот правобранител може да
се обрати секој ученик кој мисли дека некое негово право е прекршено, а
правобранителот има задача да спроведе постапка за решавање на тој
проблем. Ученичкиот правобранител има приемен ден секој четврток кој
трае од 12:15 до 12:50 во посебно определена просторија.