ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Средба со партнер училиште

На 9 октомври во партнерското училиште ООУ Ацо Шопов се одржаа три работилници во кои учествуваа 45 ученици од нашето училиште. Во првата активност учествуваа учениците од 3 и 4 одд. а зборуваа и боеја мотиви за христијанскиот празник Велигден и муслиманскиот празник Рамазан и Курбан Бајрам. Втората активност се одржа со учениците од 7 и 8 одделение во кои учениците изработија готвач со рецепти од македонската и албанската кујна. Учениците од 9 одделение изработија макета на традиционална албанска и македонска куќа, верските објекти џамија и црква, но и се запознаа со традиционалните носии. На крајот сите ученици заедно се дружеа на заеднички ручек каде пробаа дел од традиционалните специјалитети: ајвар, мантии, баничка, баклава, гурабии…

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2022
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Следете не