ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

РОЛЕРИЈАДА 2019

НАД 500 УЧЕСНИЦИ ВО РОЛЕРИЈАДА 2019

„Ролер трка 2019“, што денеска се возеше на булеварот Илинден. Во трката со ролери учествуваа над 500 ученици од триесетина основни училишта од Скопје и од околината. Учесниците тргнаа од пред фонтаната „Лотосов цвет“ и возеа по булеварот Илинден до раскрсницата со улицата Никола Тесла, а потоа, повторно назад до целта.
ДКЦ веќе осум години по ред ја организира оваа Ролеријада, манифестација во која учествуваат ученици од повеќе од 30 основни училишта од Скопје и околината. Градот Скопје го стимулира спортскиот начин на живеење, а различниот начин на движење го практикувам и јас самиот. Во оваа трка нека победат најдобрите – рече градоначалникот Шилегов на отворањето на трката.

На Ролеријадата беа доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и во женска категорија. На целта нашиот ученик ДАМЈАН ЗЕНГОВСКИ, ОУ „АЦО ШОПОВ“ го доби третото место.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2021
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не