ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Професионален развој на наставниците„Инклузија на ученици со оштетен вид“

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 06.11.2018 год. во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа се организираше обука на наставници за Инклузија на ученици со оштетен вид, на која присуствуваше наставничката Весна Јакимовска од ООУ„Ацо Шопов“како класен раководител и предметен наставник на ученик со оваа проблематика. На обуката збор земаа раководителот на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот, Шпетим Љатифи, претседателот на Сојуз на дефектолози на Република Македонија, Горан Петрушев, професорот Буниамин Мемеди, професорката Ангелка Кескинова и психологот Соња Фортуманова. Наставниците се запознаа со процеот на инклузија во Република Македонија, со улогата на ресурсните центри во инклузивниот процес, со карактеристиките на учениците со оштетен вид и со работата со истите. Се изведе заклучок дека процесот на инклузија на учениците со оштетен вид не е едноставен, но како и сите други деца, и овие ученици имаат право на квалитетно образование, а ние ќе бидеме секогаш тука да се потрудиме истото да им го овозможиме.Нашето училиште перманентно се грижи за нашиот ученик и наставниците одбираат методи и форми и употребуваат соодветни нагледности и помагала да му го олеснат совладувањето на материјалот.Ние сме горди на него и тој покажува солидни резултати.И благодариме и на првата учителка која за прв пат во нејзината професионална кариера се сретна со ученик со оштетен вид и заедно со него учеше и работеше како да ги преминат пречките и да дојдат до целта,а тоа е квалитетно образование .

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”3573,3574,3575,3576,3577,3578,3579,3580,3581″ img_size=”240×130″][/vc_column][/vc_row]

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2021
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не