Реализација на проектите за учебната 2021/2022

 

Во училиштето „Ацо Шопов“ во текот на оваа учебна година наставата ќе се реализираат следниве проекти:

Проектот „Еко училиште“ чија цел е подигање на свеста на наставниците и учениците во училиштето во поглед на заштита на животната средина, – на енергија, – на водата. Одговорен наставник Маја Чубриноска.

Проект за „Намалување на насилството кај учениците“ одговорни, Попоска Марица-психолог,Маја Ивановска-педагог,Виолета Тодоровска-наставник,Дарко Костенцов –наставик, Игор Бошковски-наставник.

Проект за „Мултиетничка интеграција на учениците“ одговорни наставници Ѓуровска Силвана, Живка Радичевска, Александра Јордановска,психологот Попоска Марица и директорот на училиштето.

Проект „Антикорупциска едукација на учениците“ одговорен наставник Дарко Костенцов.

Проект „Заедничка грижа и правилно насочување на учениците“. Одговорен наставник Весна Додевска. Во овој проект ќе се вклучат сите вработени во училиштето со цел учеството на родителите во работата на училиштето да биде што повеќе застапено во настаниот и вон наставниот процес.

Проект „Отворено граѓанско општество“– одговорен наставник Игор Бошковски зајакнување на демократската клима во училиштето, во текот на учебната 2021/2022 година, ќе продолжи да се спроведува Отворен ден за граѓанско образование чија намена е да се поттикне одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата и да се зајакне нивната иницијативност за преземање активности за позитивна промена. Истовремено, активноста ќе придонесе во промоција на граѓанските вредности на ниво на целото училиште и поврзување на училиштето со пошироката заедница.