ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Првиот меѓународен фестивал на детска литература и илустрација „Литера“

Од посета на првиот меѓународен фестивал на детска литература и илустрација „Литера“
Учениците од навинарската секција секогаш ги следат новитетите, па и овојпат присутни во Музејот на современа уметност каде се одржи првиот Меѓународен фестивал на детска литература и илустрација – „Литера 2019“. 
Несомнена е улогата на детската литература, подигање на нејзиниот квалитет за целокупниот раст и развој на децата.
На 14.4.2019 г. во 11 часот беше најавена презентација на македонски автори за деца и можност да се постават прашања.
Во склоп на фесивалот организирани се работилници за најмладите посетители и дебати на актуелни прашања како местото на книгата во дигиталниот свет, улогата на детската литература во интелектуални и емотивниот развој на најмладите итн. Се разговара и за квалитетот на детската литература, дали и колку е таа застапена кај домашните издавачи. Презентирани се изданија на повеќе издавачи.
Илустрациите се секогаш интересни, а на фестивалот беше поставена ретроспективната изложба на илустрации за деца од македонски автори.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2021
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не