ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Организација на работата

Дополнителна настава се организира за учениците кои имаат тешкотии во учењето и на кои им е потребна помош во текот на наставната година.

Додатна настава се организира за учениците кои покажуваат значителни интереси и резултати по одделни предмети.

Слободните ученички активности се наменети за учениците кои имаа посебни желби и интереси своето слободно време организирано да го исполнуваат со најразлични содржини преку кои ја формираат својата личност, а со тоа ќе придонесат за афирмација на учлиштето.

Проширената програма на основното училиште опфаќа прифаќање и заштита на учениците од I, II и III одделение еден час пред започнување на часовите за редовната настава и еден час по завршувањето на редовната настава, во согласност со родителот.

Училиштето има целодневна настава за ученениците од I одд. и дневен престој за учениците од II од V одд.

Во училиштето постои програма за работа со надарени ученици во одредена област, ученици кои покажуваат посебен талент и интерес за одреден предмет.

За учениците со посебни образовни потреби во училиштето постојат посебно изработени програми за работа со вакви ученици.

Во подрачјето оценување, наставниците ќе ги идентификуваат образовните потреби на учениците во текот на учењето, преку квалитетното планирање на оценувањето и примена на стандардите за оценување на постигањата на учениците кој ќе ги имплементираат во наставата преку формативното и сумативното оценување. Училиштето ќе се залага за високи постигнувања на екстерните тестирања.

Сето ова успешно функционира преку активностите на стручните активи:- Актив на одделенска настава,- Актив на хуманитарна група предмети и – Актив на природна група предмети.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
јануари 2022
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Следете не