ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

ОПШТИНА БУТЕЛ ОБЕЗБЕДИ РАНЧЕ И УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ 👫

🎒📚✏️ ОПШТИНА БУТЕЛ ОБЕЗБЕДИ РАНЧЕ И УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ 👫 🏫 Првиот училишен ден е денот кога нашите првачиња го паметат и го поминуваат низ забава.

📈 Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемите сметки и зголемните трошоци за живот Општина Бутел и јас како градоначалник одлучивме финансиски да ги помогнеме првачињата и пред се нивните родители.

За таа цел 5️⃣8️⃣2️⃣ првачиња на 1 септември ќе добијат високо квалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор за непречен почеток на учебната година.

Овој училишен пакет има за цел на родителите да им овозможи финансиско олеснување за кое би требало да издвојат околу 6000 денари.💶

🎒✏️📚Покрај високо квалитетниот анатомски ранец овој пакет ќе содржи и тетратка за почетно пишување, бројна оска, помагало за броеви, блок, самолеплива колаж хартија, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, моливи, острилка и гумичка.

🎒Оваа година за прв пат од постоењето на Општина Бутел обезбедивме ранец и училишен прибор за секое прваче во нашите општински основни училишта.

Со низа проекти ќе се обидеме да ги ублажиме ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓа Република Македонија.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
септември 2022
П В С Ч П С Н
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

Следете не