ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Нула отпад

Почитувани,

Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје, датира од 2012 година. Своето дејствување како непрофитна организација во управување со специфичните текови на отпад, го започна кон крајот на 2012 година и оттогаш функционира исклучително активно и претставува поим за позитивни вредности во заштита на животната средина.

Нула Отпад како лиценциран колективен постапувач за отпадни батерии и електронски отпад во соработка со општините и воспитно-образовните институции во континуитет преку едукација создава генерации кои ќе знаат да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме.

Во ова тешко време на неизвесност и излолација, Нула Отпад преку дигитална едукативна кампања продолжува во својата едукативна мисија со ликовно-креативен предизвик за сите деца на предучилишна и училишна возраст.

Moжност родителите и децата да го искористат слободното време на еден креативен и интересен начин  преку изработка на ПЛАКАТ и негова видео презентација на ТЕМА:

“Да ја заштитиме планетата од опасниот отпад – отпадните батерии и електронскиот отпад. Рециклирањето е важно и неопходно!“.

Безбедни во изолација со супер еко едукација!

Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видео пораки за креативниот предизвик на следниот e-mail: info@nulaotpad.com.mk, Нула Отпад, најмоќната еко порака и видео според бројот на лајкови на социјалните мрежи ќе ја награди со главна награда лаптоп.

Предизвикот е отворен до 30.04.2020год. и следниот ден ќе бидат објавени видеата кои според бројот на лајкови на социјалните мрежи привлекле најмногу внимание.

Се надеваме и на Ваша поддршка и споделување на ликовно-креативниот предизвик, да допреме до сите деца, родители и наставници да земат учество и убавите пораки од децата за новата планета и новото време да стигнат до сите и да внесат позитивна енергија во овие тешки денови.

Повеќе информации за  ликовно-креативниот предизвик  погледнете на следниве линкови:

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО
ПРЕДЛОГ ВИДЕО ЗА НАСОКА
ЛИКОВНО КРЕАТИВЕН ПРЕДИЗВИК
Се надеваме дека ќе го препознаете значењето на оваа едукативна кампања и ќе го прифатите предизвикот да ја споделите и да бидете дел од неа.

Ви благодариме,
Со почит,

Билјана Костадинова

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2021
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не