ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

НУЛА ГЛАДНИ ВО СВЕТОТ Одбележан Светскиот ден на храната – 16 Октомври

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (FAO), секоја година на 16 октомври го прославува Светскиот ден на храната, со најразлични настани ширум светот. Целта е да се подигне јавната свест за искоренување на гладот, да се создаде одржливо производство на храна и здрава исхрана која ќе биде достапна за секого.

Во одбележувањето на Светскиот ден на храната особен фокус се дава на едукацијата и градењето на идни млади генерации под мотото „Свет Без Глад“ (#Zero Hunger).

Под ова мотото, и под паролата дека „Треба да се превзема акција за да се постигне целта“ до 2030 година, ООУ „Ацо Шопов“ се вклучи во одбележување на Светскиот ден на храната со едукативна работилница наменета токму за најмладите. Имено, работилницата беше наменета за првоодделенците од нашето училиште, кои интерактивно се вклучија во предавањето и покажаа солидни предзнаења за здравата храна и за идејата за Свет Без Глад.
Заклучивме дека со храната, водата и обработливата земја, треба да се однесуваме одговорно, бидејќи во светот овие основни ресурси не им се достапни на сите како на нас, а се важен фактор за здрав живот на секој поединец на планетата Земја.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”3257,3258,3259,3260,3261,3262,3263,3264,3265,3266,3267″ img_size=”240×130″][/vc_column][/vc_row]

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2021
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не