ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Недела на информатиката

По повод „Светскиот ден за безбеден Интернет“ во ООУ „Ацо Шопов“ – Скопје беше одржана „Недела на информатиката“ од 10-14 февруари под менторство на наставникот по информатика Билјана Симоноска Антовска. Беа реализирани повеќе работилници и активности:

Во работилниците уениците активно се вклучија решавање на алгоритамски проблеми повразани со структурите за повторување.   Потоа беа анализирани прашања од анкетата која претходно беше зададена, квиз прашања „Каков онлајн пријател си ти“ каде што учениците зедоа активно учество со дискусии, раскажување на искуства и предлози за подобро и побезбедно користење на Интернет.“ Посебно интерено беше кога учениците кажуваа и имаа различни ставови, и се обидуваа да ги одбранат истите. Со учениците беше реализирана и работилница каде учениците преку бинарен код им доделуваат комбинација од бинарни цифри на своето име откако добија отпечатена табела со кодови на абецедата.

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
септември 2022
П В С Ч П С Н
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

Следете не