ОСНОВНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „АЦО ШОПОВ“ СКОПЈЕ

Во куќата на Кочо Рацин

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

„Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвара,
срце-порта највисока,
срце -куќа најширока“.

Рацин


Месецот на книгата учениците од ООУ„Ацо Шопов“ го одбележаа со посета на родната куќа на основоположник на македонската поезија, Кочо Рацин. Возбудата кај учениците за оваа посета ја зголеми и патувањето со воз, кое е резултат на беспрекорната соработка со Македонски железници.
Попатно забележавме дека целиот град Велес дише со стиховите на Рацин.
Во родната куќа учениците слушнаа предавање за животот и делото на Рацин. Тој од обичен работник – грнчар со упорно самообразование се издигнал така високо. Рацин творејќи стихови за аргатите, тутуноберачите го одсликал времето во кое живеел. Творел во време кога македонскиот јазик бил забрануван за официјална употеба, ја издал збирката „Бели мугри“на македонски јазик 1939 година во Самобор во близина на Загреб.
Рацин е автор на раскази, поемата „Јане Сандански“ есеи, недовршен роман „Афион“ За жал неговиот живот прерано завршил, не ги видел мугрите во неговата слободна Македонија, за која се залагал како член на КП на Југослaвија.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_empty_space][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”3381,3382,3383,3384,3385″ img_size=”240×130″][/vc_column][/vc_row]

Националната веб-платформа за образование

ОПШТИНА БУТЕЛ

Календар
октомври 2021
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Следете не